0Во текот на зимата се’ повеќе време се минува во домот, па затоа потрудете се да создадете топла и пријатна атмосфера. Едно од креативните решенија се плетените парчиња од волна, кои ќе ви помогнат визуелно да го згреете вашиот дом. Старите плетени џемпери се совршен избор за таа намена, а можете да ги искористите на повеќе различни начини. Со плетените ткаенини можете да го тапацирате мебелот, а старите џемпери да ги употребите и за комплетно нов и вистински зимски изглед на перниците, корпите, вазните и шишињата во вашиот дом. Модерниот ентериер исто така можете да го украсите со плетени подни прекривки, домашни украси и функционален декор, како што се ѕидните часовници и вазните кои изгледаат интересно, необично и современо. Доколку, пак, и уживате во плетењето, тогаш овие трендови се идеални за вас. Плетениот мебел и декорот од волна додаваат на комфор, топлина и убавина во модерниот внатрешен дизајн, фино украсувајќи го ентериерот. Изработени во неутрални и природни бои, тие се вклопуваат во секаков амбиент и на сечиј стил, давајќи му универзално привлечен изглед на домот. Старите лампи облечете ги во зимски џемпери, а од ракавите на џемперот направете ново зимско руво за вашите саксии или вазни. Обвиткајте ги перничињата во топли џемпери, и расфрлајте ги по подот. Плетениот декор одлично прилега со дрво, пластика, бетон или керамика, а ентериерот го прави помек и попријатен. Погледнете ги нашите предлози, пронајдете ги старите џемпери и направете си зимски декорации навреме!

2

3

4

8

5

10

6

9 (2)

11

7

17

13

12

14

15

1

16

18

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPenguin оригами | Kiera Broderick
Следна објаваЛатинскиот шарм на Њујорк | La Casa Azul Bookstore
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ