На 30.07, пред точно 75 години најголемата издавачка куќа некогаш позната, Penguin Books била основана од страна на сер Ален Лејн. Кога првата копија на Penguin Books се појавила, чинела само 6 пени, исто колку кутија цигари; било тешко да се предвиди дека намената ќе има трајна вредност и значење. Како издавач, Пингвинчето денес го слави својот 75ти роденден и не само што важи за најпрепознатлив книжевен бренд, туку истовремено е магнет за колектори на квалитетни книги. Идејата да се отвори ваков тип на издаваштво потекнува од Лејн, при една посета на Агата Кристи и сознанието дека постои недостаток од евтини, но квалитетни наслови од областа на белетристиката. Тука се раѓа концептот на Penguin Books, наслови кои се сепарирани по боја – портокалови за проза, сини за биографија и зелени за крими-романи.

За да се прослави оваа маркантна годишнина, дизајнерката Amy Fleisher во нејзиното графичко студио во Њујорк го редизајнира добро познатото лого, така што го става Пингвинчето во улога на Дракула, Франкенштајн, Пинокио за да биде „пингвинцентрично“, како што самата вели. Освен редизајнот, пакетот нуди и други дизајн-решенија кои книжевниот свет ги пречека со отворени раце и роденденски се радува што постои Penguin Books.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДеловен стил, за деловни дами
Следна објаваLady Gaga во џез издание
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ