Ако едуцирате маж, Вие едуцирате маж.
Ако едуцирате жена, Вие едуцирате генерација.
– Brigham Young
Согласно овој цитат, сигурно претпоставувате во која насока ќе се движи овој артикал за мода и самодоверба. Имено, како што култната Шанел еднаш изјави дека модата избледува, но стилот останува – се согласуваме со тоа особено преку предлогот за достоинствен, професионален, а истовремено стилски изглед на една деловна жена. Работното место претпоставува соработка со многу луѓе, комуникација со најразличен профил на професионалци кои подлежат на диференцирана хиерархија во светот каде што контактите се водечки социјален капитал. Трудот и капацитетот се Вашите оружја, кои ако ги надополните со некои од предлозите во прилог, тогаш Вие веќе сте цел пакет, составен од ум и убавина.
Она што би го издвоиле како императив во изгледот на една деловна дама, се лесните материјали согласно овој период од годината, различните модели на кошула за сериозен впечаток и секако, изборот на сако кој варира согласно стилот кој го имате. Се’ во рамките на дрес-код за дами, каде што овој пат ги исклучивме здолништата поради една причина: панталоните се полесна варијанта за 8 работни часови. Не бидете строги, но не и премногу слободни во изгледот. Никако не заборавајте на деталите. Во дополнение, само ќе Ви порачаме… this is a man’s world, but it would be nothing, nothing without a woman or a girl!