Како и многу пати досега, DA ги поддржува и промовира настаните од уметнички карактер и неконвенционална природа. Овој пат, станува збор за големиот, мултимедијален спектакл ВИДИ МУЗИКА – СЛУШНИ СЛИКА – ДОБИЈ КНИГА, на 19.јуни 2014 година, со почеток во 21:00, во Градскиот Парк. На овој настан Ве покануваат Македонската филхармонија и Младинскиот кулутрен центар.

Како и секоја година, седми пат по ред – на концертот со оркестарот на Македонската Филхармонија со наслов СО ТАНЦ НИЗ СВЕТОТ под диригентство на Мартин Пантелеев (Бугарија), ќе се подарат 20.000 книги, и на огромни платна со димензии 12 х 3 метри, ќе имаме можност да го проследиме ликовниот меч на кој силите ќе ги одмерат етаблирани академски ликовни уметници. Годинава, со десетици литри боја, огромни четки, на огромните ликовни платна, еден спроти друг, ќе се ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.

… а дали некој спомна книга на подарок?

.1.

Книгата, односно централниот момент на интерес во кругот на библиофилите во Македонија е навистина интересен избор:

Стар латински ракопис доаѓа на светлината од денот на еден пазар во Аргентина, каде што се појавува едно писмо до Свети Августин од Флорија Емилија – жената од која тој се откажа во полза на сопствената честитост. Висока образована, страствена и внимателна, таа е главна улога во личните исповеди во оваа книга… 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнспирирана од митологијата | Amy Judd
Следна објаваАко ликовите од видео игрите си праќаа пораки…
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ