Кога ќе помислите на Жил Верн, каква слика Ви се појавува во глава? Денешното преставување на The Joben Bistro е естетска реализација на универзумот на овој голем книжевник, кое делува дека зазема просторна улога во некој од неговите романи. Создадено од страна на 6th Sense studio, ова уникатно бистро се наоѓа во Cluj-Napoca, Romania и се обидува да го отелотвори амбиентот кој е комбинација на фантазија и научна фантастика, од хартија во реалност. Еклектичен спој во добро интегрирана целина на авангардата, каде се’ е до деталите, со индустриски допир и винтиџ гламур. Осветлувањето додава дополнителен мистериозен тон, додека предметите во ентериерот се направени од бакар или месинг.

Бистрото има три простории, секоја од нив со свои особености – првата од нив нуди уметничка галерија со стари слики, втората го содржи барот и бетонските ѕидови со инсталации, додека третата просторија е домаќин на сите предмети, со темно обоени ѕидови и прилагодена светлина.

17

16

15

14

13

12

11

10

9

8

7

6

5

4

3

2

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSummer Noir ’14 | очила за сонце
Следна објаваСе’ што имаме е сегашниот момент
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ