Деталите се оние кои го одредуваат амбиентот на секоја соба, а во тандем со вистинскиот избор на боja можат да направат чуда во просторот. Доколку се сомневавте во моќта на декоративните финеси, погледнете како една иста спална соба може да изгледа комплетно поинаку, благодарение на двете различни колоритни решенија. Стилистката Julia Green и фотографката Armelle Habib, ги здружија силите и направија мал експеримент, уредувајќи две верзии на иста спална соба за магазинот Homelife. Првата стилска идеја е во женствена розова нијанса, а другата во нежна сина. Декорациите се избрани да бидат прикладни на соодветната боја, но и да создадат чувство на смиреност и комфор во катчето за одмор и релаксација. Одличен пример и инспирација за сите оние кои се двоумат како да ја бојадисаат спалната соба. Која верзија вам повеќе ви се допаѓа?