„Караванот што носи среќа“ оваа година ќе го разнесе својот среќен прав во повеќе градови низ Македонија, во периодот од 29 Мај до 30 Јуни.

Прв град кој ќе биде домаќин на Баскер караванот е Гевгелија, 29 и 30 Мај. Потоа продолжува во Кочани, 30 и 31 Мај. Во Скопје официјалната програма започнува на 06 Јуни со промена на локацијата која овој пат е плоштадот „Филип Втори“ (пред „Музејот на ВМРО“) во центарот на градот. Скопскиот Баскерфест ќе трае 10 дена се до 15 Јуни. Покрај плоштадот „Филип Втори“ на кој ќе има три стејџа, два стејџа на кои ќе настапуваат уличните артисти и еден музички, „World Music“ стејџ, програмата ќе се одвива на уште две дополнителни локации – „Пивница Стар Град“ (Стара Скопска Чаршија) и „Градска Плажа Парк“ (кејот на градски парк).

Авантурата на Баскерфест истовремено ќе се одвива и во пет други градови низ Македонија, а ќе продолжи во други 14 општини низ републиката како и туристичкото градче Банско во Бугарија. Целиот патувачки фестивал ќе трае до 30 Јуни. Комплетната програма како и датумите на одржување можете да ја погледнете на веб страната на Баскерфест.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСвадбено патување од 1939 година
Следна објаваНајубавите мостови низ светот
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ