Во четврток, 22 мај, 2014 г. со почеток во 20 часот, во рамките на 42 Мајски оперски вечери, во Македонската опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Фауст“ од Шарл Гуно. Приходот од оваа претстава ќе биде наменет за постраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, со што Македонската опера и балет се приклучува на Одлуката на Владата на Република Македонија, за придонес на културните институции за помош на постраданите.

Премиерата на оваа познато дело, кое го обработува и славниот Гете, на сцената на Македонската Опера и Балет, се одржа на 25 октомври 2013 година, по пауза од 30 години. Во претставата ќе настапат: Иван Момиров-Бугарија , во насловната улога, Иван Томашев, гостин од Србија, во улогата на Мефисто, Маргарета: Светската оперска дива, Инва Мула, позната на публиката ширум светот по интерпретацијата на музиката во филмот „Петтиот елемент“, Валентин: Франческо Верна-Италија, Вагнер: Драган Ампов, Зибел: Дарко Нешовски, и Марта: Марика Поповиќ.

Режисер е Марио де Карло од Италија, диригент: Оливер Балабурски.

1

4

2

Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на МОБ.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSelfie низ светот
Следна објаваЕдиторијал | Љубов и фудбал
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ