Пет филмски остварувања ќе бидат прикажани денес во градското кино ,,Милениум” и ,,Кинотека на Македонија”, во рамки на 17. Скопски филмски фестивал.

0000

Третиот фестивалски ден ќе го отвори „Рај: Љубов“, од програмата посветена на филмови на австрискиот режисер Улрих Зајдл, чија проекција е закажана за 16 часот во ,,Милениум”. Два часа подоцна на програмата ќе биде „Сликата што недостасува“ на режисерот Рити Пан, во продукција на Kамбоџа и Франција. Филмот беше кандидат за „Оскар“ за годинава, а Kан го награди со признанието „Извесен поглед“. Во 20 часот, следи хорор-комедијата „Вештерките од Зугарамурди“ на Алекс де ла Иглесија, со Марио Касас и Уго Силва во главните улоги. Филмот е добитник на 15-ина награди. Филмскиот маратон во ,,Милениум” завршува со британскиот „Манускриптите не горат“ на Мухамед Расулоф, со термин во 22 часот. Во ,,Kинотеката на Македонија”, во 18 часот ќе биде прикажан „Постојан одмор“ од 1980 година, на режисерот Џим Џармуш. Ова е првиот од неколкуте филма на американскиот режисер што влегоа на програмата на фестивалот.

Рај : Љубов / Paradise : Love (2012)

0011На плажите во Кенија се познати како „Sugar Mamas”, Европејки кои бараат млади африкански момчиња кои продавaат љубов со цел да преживеат. Тереза, 50 годишна Австријка, патува на одмор од рајот, запознавајќи го секс туризмот во земјата, спиејќи со млади мажи и залажувајќи се дека таа им значи нешто. Идеите за љубов и врски на Тереза, како сексуално непривлечна жена, стојат на нејзиниот пат на непрепознавање на овие односи како експлоатација и игнорирајќи ги финансиските импликации кои лежат во сржта на овие размени. Снимен во препознатливиот симетричен стил на Улрик, филмот наоѓа убавина во одбивното, болка во нашата заедничка потрага за задоволство и љубов.

Сликата што недостасува /The Missing Picture (2013)

0022„Го барам моето минато како изгубена слика“, вели на почетокот на овој уникатен есеистички филм режисерот Рити Пан. Филмот од Камбоџа, кандидат за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, е мрачен и стилски изграден мемоар за детството на режисерот во периодот кога неговата земја е владеена од Црвените Кмери. Голем дел од неговото семејство умира во работничките кампови кои се создадени со цел да го „превоспитаат“ населението и да ги прочистат во пламенот на револуционерниот социјализам. Всушност, тие се инструмент за масовна тортура, масовни убиства, масовна психоза и бесконечно бојно поле на суровост и страв. Ја раскажува неговата приказна употребувајќи неверојатно оригинална техника, преку комбинација од пропагандни журнали на Црвените Кмери и мали фигури од глина. Ова е можеби единствениот начин на кој можел да ги прикаже уништувачките сеќавања.

Вештерките од Зугарамурди / Witching and Bitching (2013)

0033Алекс де ла Иглесија експериментираше со различни жанрови низ годините, но безсрамната црна комедија „ Вештерките на Зугарамурди “ е враќање кон она што го прави најдобро, а тоа е хаос и безредие. Сите негови обележја се повторно овде. Енергична, нeсуптилна и невкусна комична сатира, и можноста да ги претстави дивите стриповски метафори на неговата имагинација на платното, но, сега вооружен со артилерија на новата технологија. Бучнa приказна за група на малерозни крадци кои бегаат од градот откако грабежот на банка кој го извршуваат не оди според планот. Завршуваат во еден морничав град, Зугарамурди, еден вид на шпански Салем, каде треба да се справат со 13 вештерки, предводени од легендарната Грациана (Кармен Маура). Филмот е добитник на осум Гоја Награди во 2014 година за неговиот инвентивен визуелен дизајн и смелите технички ефекти.

Манускриптите не горат / Manuscripts Don’t Burn (2013)

0044Снимен во Иран без дозвола, и држен во тајност се до премиерата на Кан во 2013 година. Филмот храбро ја прикажува дваесетгодишната забрана за правење на филмови и за напуштање на земјата на филмскиот режисер Мухамед Расулоф. Во овој политички трилер, кој е базиран на вистински настан, иранскиот дисидент ја разоткрива државната цензура за политичките убиства на повеќе од 80 ирански писатели, интелектуалци, политички активисти и обични луѓе помеѓу 1988 и 1998 година. Сите биле критичари на Исламистичката Република. Филмот ги испитува причините и записите за овие крвави настани и прикажува мрачна слика на поширока култура на корупција и репресија.

Постојан одмор / Permanent Vacation (1980)

056Дебитанскиот филм на Џим Џармуш профилира проблематичен хипстер кој ја бара смислата на неговиот живот. Алојсиус Паркер (Крис Паркер) е млад човек со нарушено семејно минато (неговата мајка е во ментална институција, а неговиот татко исчезнал), а неговата неможност да спие му предизвикува да сонува додека е буден. Познанството со една жена со стар Форд Мустанг му дава можност да избега од хаосот околу него.

 Divianarts.com е  член на групата на официјалните медиумски покровители на Скопје Филм Фестивал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБрендирани намирници
Следна објаваНа моите девојчиња…
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ