Историјата на пишаниот збор е историјата на човештвото.

Моќта на книгите е да го унапредат индивидуалното исполнување и да создадат општествена промена на совршеност. Интимно, а сепак длабоко општествено – книгите обезбедуваат далекусежни форми на дијалог помеѓу поединци, во рамките на заедниците и низ времето. Како што Malala Yousafzai, ученичката од Пакистан која беше застрелана од страна на Талибанците поради што следела настава, кажа во текот на својот говор во Обединетите Нации:

„Дозволете ни да ги собереме нашите книги и пенкала. Тие се нашето најмоќно оружје.“

 

Она што се случува на 23ти април секоја година: промоција на читањето, издавањето и заштитата на интелектуалната сопственост преку авторските права. Идејата за создавањето на овој празник потекнува од Каталонија, каде на 23ти април – денот на Св. Ѓорѓија, една роза се дава како подарок за секоја продадена книга. Исто така, симболично според литературниот свет, на овој датум во 1616 година тројца автори го напуштија овој свет. Во Велика Британија и Ирска, Светскиот ден на книгата се слави порано, обично на првиот четврток во март, за да се обезбеди датум вон училишниот пролетен распуст. Светскиот ден на книгата беше обележан за прв пат во 1995 година.

Секоја година УНЕСКО и меѓународните организации ги претставуваат трите сектори на книжевната индустрија: издавачи, книжарници и библиотеки, така што бира Светски главен град на книгата, кој важи во текот на целата година. Се избира секој 23ти април, така што оваа година, Порт Харкурт, Нигерија беше избран поради квалитетот на својата програма, фокусот врз младите и влијанието што го има врз книжевната култура во Нигерија, во поглед на читањето, пишувањето и објавувањето; се’ со цел да се подобри стапката на писменост.

Оваа година, темата на Светскиот ден на книгата е „БИДИ ПАМЕТЕН – ЧИТАЈ КНИГИ“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваKENZO часовници
Следна објаваЉубопитни верверички | Max Ellis
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ