1

Со едноставниот, но мошне убав, пријатен и функционален дизајн, овој елегантно уреден дом во Тајван е одличен пример за преуредување на помали станбени простори, на начин на кој истите ќе изгледаат попространо и со висок квалитет. Модерен, но умерен, со минималистички детали и смирен изглед на секоја соба – ентериерот е беспрекорно стилизиран, а воопшто не изостанува топлиот домашен амбиент во просторот. За комплетната реализација на проектот заслужно е студиото ,,Fertility Design”, од каде немале нималку лесна задача, имајќи ја предвид скромната квадратура на станот, наспроти потребата истиот да го осмислат како семеен дом за повеќечлено семејство со деца. За таа цел, дизајнерите внимавале ниеден расположлив дел од станот да не остане неискористен, па, така, вградените плакари како решение се присутни насекаде. Во уредувањето, воочлив е карактеристичниот азиски минимализам, а впечатокот не е нималку студен и безличен, туку сосема спротивното – постигнат е извонреден ефект на кохезија, поврзаност и компактност во целиот стан. Во секоја соба доминира неутралната палета, со дрвенастите тонови како единствена боја наспроти белата, со исклучок на светло сивата нијанса која е искористена како позадина во зоната за дневен престој. Поголемиот дел од дрвените панели ги затскриваат просторите за складирање и организација, иако дел од нив се и само од естетска природа, давајќи му на домот чувство на топлина и мистичност. Животните простори се отворени, а благодарение на едноставните бои, секое катче се надоврзува и надополнува со следното, без непотребни ограничувања. Кујната, трпезаријата и дневната соба комуницираат во една целина, а спалните соби се издвоени и декорирани само со некој ситен, но впечатлив детал кој ја разигрува целата просторија. Површините за складирање во тесните подрачја, пак, завршени се со огледала, што визуелно го зголемува просторот и овозможува рефлексија на светлината во остатокот од просторијата. Како целина, станот воодушевува со бројните практични и паметни идеи, наспроти лежерноста и непретенциозниот тон на стилот во кој е декориран. Совршена инспирација!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Сталинград” го отвора 17. Скопски филмски фестивал
Следна објаваKENZO часовници
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ