,,Запознајте ги своите родители во сиот пламен на нивната младост. Вие ги препознавате, тие вас не. Ви подаваат калеидоскопски очила. Гледате ретро дезени и опоен чад во сина, жолта и розова боја. Сега ја имате вистинската слика. Удобно ја прифаќате авантурата на живеење во една поинаква младост. Па, тие знаеле вистински да се забавуваат!’’

0001

Доследна на својот препознатлив стилски израз, но и на изненадувањата кои редовно ги испорачува со секоја следна колекција, младата дизајнерка Ирина Тошева одлучи да раскаже една сосема поинаква модна приказна за престојната сезона пролет/лето ’14 .

,,Cloud9’’ e симболичниот назив на нејзината најнова колекција, која премиерно беше претставена во рамки на третата ревијална вечер од 9.Моден викенд Скопје, изминатиот петок (04.04) во салонот „Порше Македонија“. Под среќниот дизајнерски облак на Ирина, свое место најдоа креации во интензивни бои и со графички принтови, слеани во игриви и шик модни комбинации кои мирисаат на пролет, но и на едно минато време кое ќе посакате одново да го (д)оживеете.

09

,,Oваа колекција ве води на прошетка во еден подзаборавен орман. Таму ќе најдете шарени памучни ткаенини, живост што пркоси, мирис на носталгија и една позната мелодија. Вие знаете како да ги оживеете низ еден модерен пулс.’’

11a

Кроевите и дезените на парчињата облека, носталгично евоцираат спомени на 60-тите и 70-тите години од минатиот век, а истовремено смело му пркосат на времето со младешкиот дух и енергичноста. Кон колекцијата се надоврзани и калеидоскопските очила за сонце, како впечатлив моден детал кој најубаво ја илустрира симболиката на ретро приказната. Со нив, талентираната дизајнерка ја кани својата верна модна публика на модерно хипи патување во еден друг, поубав и пошарен свет.

,,Облечете се во ритамот и боите на природата и дозволете им на вашите сетила да го прифатат предизвикот.’’

08

Во очекување на промотивниот каталог кој е во подготовка, ви претставуваме како ,,Cloud9’’ на Ирина Тошева блесна пред фото објективот на FWSK.

01 02 03 0405 06 0711

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Анархија во Париз
Следна објаваВидео | И булдозите можат да сакаат
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ