Првата априлска недела ќе ја одбележат ревии на дваесет македонски дизајнери и модни куќи во рамките на деветтото издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 1 до 6 април на неколку локации во Скопје.
001
Наjновиот каталог коj ќе ja следи деветтата сезона е во знакот на Next nature – таканаречената „Следна природа” коjа ja дизаjнираат новите културни навики и новата технологиjа водена од динамичното секоjдневие. Обединетите црвена и плава преточени во магента, прелеани со раскошни ЗД цветови ќе го обоjат модниот април. Сезоната пролет – лето 2014 по втор пат ќе ja отвори првоаприлски моден маскенбал во клубот „Станица 26″ како наjава за многу мода и забава кои ќе го исполнат шестдневното случување.

002

Она што не смеете да го пропуштите во ова издание на Моден викенд Скопjе е шоурумот во концептуалното кафуле „Концепт 37″, каде што веднаш по ревиите, колекциите на дизајнерите и модните куќи ќе се „преселат” и ќе бидат достапни за купувачите во текот на целиот ден потоа. Моден викенд Скопjе го прави ова со цел македонските дизаjнерски имиња да им ги доближи повеќе на домашните љубители на модата.

003

Брендот „Hard to explain” co моделите на Катерина Попева и Мариjа Дацевска ќе се претстави низ моден перформанс пред нивното ателjе во Старата скопска чаршиjа. Модната куќа Елена Лука на Моден викенд Скопjе ќе ги прикаже моделите за претстоjната сезона пролет-лето 2014 година, уникатни креации со арома на лукс кои ja следат елегантната силуета на жената. Во рамките на пролетниот Моден викенд ќе ги видиме и моделите на Jасмина Дракул. Едно поинакво модно доживување ќе приреди модната куќа ,,Mcouture by Mila Kadriu” коjа на моден бранч во градина ќе ja прикаже наjновата колекциjа.

004

Салонот „Ауди – Порше Македониjа” ќе биде местото на случувањата во последните три дена. Таму со групна модна ревиjа ќе ги видиме стyдентите од Факултетот за арт и дизаjн на Европскиот универзитет во Скопjе. Победниците на проектот „Поп! Мода’’, организиран во соработка со Амбасадата на САД во Македониjа и Текстилен кластер – Македониjа на минатогодишното пролетно издание на FWSK, Виктор Цветановски, Ана Камчева и Алмир Мили овоjпат ќе претстават капсулни колекции. На истата локациjа ќе ги видиме ревиите на веќе познатите имиња: Никола Петровски коj ќе претстави колекциjа за есен-зима 14/15, Стефаниjа Насеска, Марjана Руjаноска, Бобан Илиевски и неговиот „Сhiс Undercowear”, Ирина Toшeвa, Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska и брендот Lidiуа Georgieva. Со моден перформанс ќе ги видиме : Елена Спасовска инспирирана од кабаре, Роберт Ивановски и за прв пат Ивана Jованоска. Деби модна ревиjа ќе има и ателjе Оливера Штакоска.

Пролетниот Моден викенд Скопjе ќе го затвори наjновата колекциjа на Росица Мршиќ.

005

Тимот коj ќе се погрижи за реализациjа на деветтото издание: Oфициjален партнер за убавина и шминка и оваа сезона се Космо дрогерии, за фризура – Rolland Group во соработка со фризерските студиа Бубе Студио Ин и Кул Кат. Официjален парфем партнер на Моден викенд Скопjе 9 e Givenchy Gentleman Only lntense – „Вистински џентлмен секогаш и секаде’’; За вистинска грижа – „Veet’’. Фото: Ани&Дими.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПриказната за Кајл
Следна објава7 музеи кои би требало да ги посетите
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР