Овој модел на кардиган е идеален и ја крева секоја модна комбинација на повисоко ниво …

Оваа есен, модната инспирација е насекаде околу нас, а инфлуенсерките од Инстаграм ни помогнаа да забележиме едно парче кое речиси остана под радарот.

Имено, како и секоја есен, секогаш сме среќни кога температурата ќе се намали колку што е потребно за нашите омилени џемпери да бидат ѕвезди на дневните, а понекогаш и вечерните комбинации. Оваа сезона краток џемпер со копчиња е во понуда на сите high-street брендови со голем избор на бои.

Без разлика дали преферирате минималистички стил и ќе се одлучите за едноставен бел модел или сакате да внесете живост во вашата гардероба со избирање светла нијанса, нема да згрешите со купувањето на овој тренди џемпер.

Хит кардиганот на сезоната најдобро ќе се истакне ако го носите преку миди фустан или во комбинација со тексас или кожни панталони.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАвијатичарски јакни се водечки тренд оваа зима
Следна објаваРасположени сме за мода и тоа го споделуваме со други луѓе!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ