Зачекоривме длабоко во есента и мислиме дека e совршено време за враќање на  авијатичарската јакна. Познатите дами го носат ова удобно, топло и стилско парче облека, најавувајќи го враќањето на одличниот тренд на актуелната сезона. Ирина Шајк беше видена на улиците во Њујорк во авијатичарска јакна во чоколадна боја под која носеше класична маичка во комбинација со фармерки. Со модни детали во форма на златно ланче и ленонки, таа му даде блага нота софистицираност на овој лежерен изглед …

За разлика од овој класичен изглед, Ријана ни демонстрираше како се носи авијатичарска јакна со елегантен свилен бел фустан, но во спортски манир, а одговара на истата кафена кожена јакна со зелена тренерка и бели потпетици – екстремно или ефектно? Храбро во секој случај.

Познатите дами не се двоумат да ги носат со мини фустан, кожни панталони, но и преку костуми, докажувајќи ни ги сестраните стилски акредитиви на една ваква јакна. Ставот на познатите „се комбинира со се“ е модниот постулат на оваа сезона!

Ким Кардашијан

Побрзајте и вие за своето парче! Доколку не сте сигурни за моделот или бојата, инспирирајте се во нашата галерија од најубавите модели на авијатичарски јакни.

Хејли Бибер

Аманда Холден

Ешли Робертс

Ријана

НЕМА КОМЕНТАРИ