Принцот Вилијам се појави во Лондон во црна ролка под сомотско сако, а нас не остави со прашањето: дали одеше на аудиција (сега испразнетата) за улога на агентот 007?

Можеби. Но во модниот израз, сигурно имаше смелост и одважност достојна на Џејмс Бонд. Ролката, во секој случај, со неверојатна брзина станува неверојатен стилски херој на есенската сезона, кој создава сеприсутни инспирации.

Без оглед на причината за стајлингот на принцот, ролките ги добиваат своите пет минути. Но, зошто сега? Ако го игнорираме очигледното: пристигна есента и сезоната на слоевита облека официјално доби зелено светло, фината трикотажа е совршен начин да ве истакне во постудените денови. Се вративме во канцелариите оваа есен, но не сме подготвени да се откажеме од удобната облека што не натера да ја засакаме работата од дома.

 

Меката ролка-џемпер или блуза ќе ни помогне да се чувствуваме уредно, елегантно и деловно.

Од друга страна, познатите дами како Адел, бела Хадид, Викторија Бекам и Меган Маркл ни покажуваат  колку шик и сензуално може да изгледа ролката ако се комбинира со пантолони, фустан или здолниште.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова кампања за есенската сезона на Џорџо Армани
Следна објаваНовата торба на Bottega Veneta изгледа како свежо подготвени тестенини
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ