Ако ви се допаѓаат чантите Bottega Veneta, тогаш знаете дека доаѓаат со сложена ткаена кожа, па така оваа чуден чанта Double Knot од најновата колекција сигурно ќе предизвика интерес кај оние кои сакаат необични и неконвенционални дизајни.
Целосно е направенa од цевкасти кожни ленти кои би можеле да ве потсетат на свежо направените тестенини, обесени за сушење. Овие издолжени ленти се составуваат и формираат облик на горната рачка, пред да завршат со двојни јазли (оттука и името на торбата) од двете страни.
Интересно е што брендот избра многу необично име за торба со оваа боја на бледо -беж нијанса, нарекувајќи ја „Porridge“.
Торбата „Двоен јазол“ исто така доаѓа во бои како Dark Red (темно црвена) и Mystic (виолетова), сите изработени од 100% јагнешка кожа и целосно обложени со најлон одвнатре.

НЕМА КОМЕНТАРИ