Институтот за бои Пантон ги именуваше главните нијанси за пролетта 2021 година. Според експертите, во постпандемиската ера, луѓето ќе бараат одредени емоции во палетата на бои.Пролетта ќе биде посебно охрабрувачка по изолацијата, невработеноста и економската криза, а тоа ќе се рефлектира во палетата на бои, велат експертите. Нудејќи палета на нијанси кои ја илустрираат природата, боите за пролет / лето 2021 година го истакнуваат нашиот стремеж кон флексибилност.Овие бои се полни со вистинска автентичност која добива на се поголема важност, комбинирајќи удобност и спокојство со енергија која го инспирира и го крева расположението “, рече Леатрис Ајсман, извршна директорка на Институтот за бои„ Пантон “.Боите за пролетта 2021 година се топол златно-портокалов невен „Marigold“, небесена „Cerulean“ земјена „Rust“ сончево жолто „Illuminating“, темно сино „French Blue, зелено  „Green Ash“, корална „Burnt Coral“, зелена нане „Mint“, „Amethyst Orchid“ виолетова и малина „Raspberry Sorbet“.

НЕМА КОМЕНТАРИ