Мини здолништата од темен, светол и црн тексас се едни од најпопуларните летни парчиња.
Освен што можеме да ги носиме во целосно опуштени варијанти, тоа е парче кое многу лесно се комбинира со се.
Со јакна, бела кошула и балетанки, во кусите тексас здолништа можете да одите на работа и лесно да продолжите на дружење по работното време (нормално, зависи каде работите).
Посебно се модерни моделите со висок струк и недовршен раб, кои трендсетерките ги комбинираат со класични маици и патики.