XXL – Големите џемпери се во мода веќе неколку сезони и навистина се најпотребни кога времето е студено, како да сме свиткани во некое топло ќебенце. Совршено се комбинираат со тесни фармерки, и дефинитивно можат да се носат со пантолони од сите видови, затоа што и самите знаете дека облеката под нив, малку се гледа. Значи, топли пантолони од твид или сомот, како и фармерки, се прав избор за овој модел на џемпери.
Плетените кадигани, со прекрасната текстура, се една од причините што ја сакаме зимата. Тие се удобни, топли, совршени со кежуал изглед. Ние ги сакаме тие со големите плетенки во неутрална боја.
Џемперите со реси и принт, се за оние кои сакаат нешто ново или се во барање на инспирација, тогаш ви препорачуваме да набавите голем кардиган со интересен принт кој е украсен со реси.
Кардиганот со модни додатоци, за него ви е потребен само еден мал трик и веднаш ќе го претвирите во впечатливо парче облека. Едноставно, украсете го со модерен брош, машна. стакленца , марама и слично.