nasl

Кога ќе се спомне календарот на Пирели, сите очекуваат да видат разголени фотографии од убави манекенки и познати личности. Оваа година, случајот е поинаков. Имено, за 43-то издание на легендарниот календар, компанијата решила да ѝ остави целосна слобода на фотографката Ени Либовиц, со тоа што ѝ било побарано да направи нешто најразлично досега. Таа направила кастинг на кој одбрала 13 од највлијателните жени во светот денес, да бидат претставници на секој месец од календарот. Со ваквиот потег се праќа моќна порака дека виманието треба да биде насочено кон вистинските жени кои имаат што да кажат и кои напорно работеле и работат за да остварат високи достигнувања на секое поле. Изгледот е ставен во втор план, бидејќи она со кое жените ширум светот треба да се гордеат се токму нивните професионални достигнувања во животот. Овој концепт на календарот се стреми да ја промени перцепцијата за тоа што значи една жена во денешно време и се надеваме дека пораката ќе биде правилно сфатена и применета во иднина.

Меѓу жените кои позираа се: (по редослед во галеријата подолу) Јао Чен (амбасадорка во УНХЦР), Агнес Гунд и Сенди Рејн-Хоуп Гунд (филантропи), Серена Вилијамс (најдобрата светска тенисерка), Тави Гевинсон (блогерка), Пети Смит (пејачка и визуелен уметник), Ејми Шумер (комичарка), Наталија Водианова (манекенка и филантроп), Ава Дувернеј (режисерка), Јоко Оно (активистка и артист), Мелоди Хобсон (бизнис жена), Фран Либовиц (писателка), Кејтлин Кенеди (продуцентка) и Ширин Нешат (артистка).

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР