Моден фотограф и уметник кој го перцепира светот во црно-бела варијанта – Lillian Bassman почнува да работи како фотограф за Junior Bazaar и подоцна, за Harper’s Bazaar каде што најголем дел од нејзините дела се објавени во периодот 1950-1965 година. Со боемски стил на живот наследен од нејзините родители, елеганцијата којашто доминира во нејзините дела е резултат на старомодниот, директно поддржан стил на промовирање на облека и накит во 40тите и 50тите, така што сите нејзини колеги од магазинот заедно со клиентите потврдуваат дека се’ што таа фотографира добива поеднаква грижа и внимание – независно дали се работи за кутија цигари или Диор фустан.

Веќе од 1970 година, таа се ориентира кон чистата форма на модната фотографија и се движи, всушност, надвор од модата. Со сопствени фото-проекти, нејзиниот вистински потенција започнува да се цени дури во 1990тите години на минатиот век. Bassman потоа продолжува да работи со дигиталната технологија и апстрактните фото-бои и создава нова серија фотографии, користејќи Photoshop за нејзините манипулации. Она што е карактеристично за квалитетот на нејзината фотографска работа се високите констрасти помеѓу светлината и темнината, геометриската поставеност на предметите и женската силуета. Благодарение на ова, Bassman станува една од последните големи жени-фотографи во светот на модата, се’ до нејзината смрт во 2012 година.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

„Бев заинтересирана за развој на методот на печатење на моите дела, дури и пред да почнам да создавам фотографии… така, се чувствував дека сум во можност да го кажам тоа што сакам да го кажам, создавајќи нов вид на визија, настрана од она што камерата го гледа“

– вели таа, во едно интервју направено во подоцнежните години од нејзиниот живот. Видно разочарана од трендот на тешкиот, остар стил на инфилтрирање во модните страници со акцент на манекенките наспроти моделите кои ги носеле – таа се обидува да го уништи поголемиот дел од сопствените негативи пред да се упати кон самостојна работа која повеќе се концентрира на мртвата природа и улиците на Њујорк. Но, сепак, нејзините најзначајни дела сепак припаѓаат на светот на модата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќа во која царува пролетта
Следна објаваФранцуско сликарство | William Adolphe Bouguereau
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР