Сезоната есен/зима ’13/’14 ни нуди микс од трендови, некои како продолжување од минатата година, други стари и заборавени, кои доаѓаат како вистинско освежување на модната сцена.
1. Ретро тренд – Враќање на базични парчиња од 40тите и 90тите како волуменозни капути и фустани.

2.Барок – богати ткаенини како кадифе, сатен, брокат и свила, многу луксузна златна рачна изработка, везови и таписерии и принтови инспирирани од големите ренесансни уметници.

3. Сафари и војничко – тесни панталони кои ја акцентираат силуетата, високи јаки, многу камуфлажни принтови кои се појавуваат дури и на крзно.

4. Гранџ – Микс од панк, рок и хеви метал детали, кожа или латекс, синџири, мрежести чорапи и карирани кошули.

5. Томбој – „позајмените“ парчиња од машката гардероба со сезони се голем тренд, посебно кога се вешто искомбинирани со ултра женствени парчиња. Панталони со висок струк, блејзери без ракави и широки маици.

6. Монохроматско – тренд кој е тука секоја сезона, но овој пат што повеќе бело. Млечни тонови со црни детали.

7. Кожа – „Крокодилски“ изглед од глава до пети и вештачка кожа во пастелни бои.

8. Крзно и пердуви – Кратки и долги бундички од крзно или пердуви се must have оваа сезона.

9. Твид – различни парчиња од гардеробата изработени од твид.

10. Тартан и линии – фустани и здолништа со геометриските принтови и препознатливиот шкотски тартан.

11. Мохер – по мохер марамите по кои посегнуваа жените во 80тите овој тренд на голема врата се враќа оваа сезона. Џемпери, фустани, па дури и мохер панталони.

12. Длабоко деколте – фустаните и палта инспирирани од 40тите, со колан на половината и длабоко деколте.

13. Нагласени рамена – во палтата и јакните.

14. Ролки – slim fit џемперите со ролка се must have оваа сезона.

15. Металик – фустани, палта и здолништа во металик нијанси.

16. Животински принтови – вечен тренд.

17. Младешки принтови – многу срциња, ѕвездички и принтови од цртаните како Бамби. Покажете го детето во себе.















