Иако се’уште сме со чувство дека се наоѓаме во одреден круг од пеколот поради високите температури, должни сме да ги пренесеме новостите од светските модни веб-страници, блогови и магазини, непосредно пред обновувањето на вашиот гардеробер. Најголемиот тренд кој се најавува за престојната сезона е темноцрвената боја, каде независно дали ќе се одлучите за bordo, burgundy или wine – нема да погрешите. Оваа боја беше присутна и во минатите есенски колекции, но овој пат се цели кон тоа темноцрвената да стане новата црна. Зошто е тоа така?
Прифатлива поеднакво и за на работно место, за кафе со пријателите или за вечерна коктел-забава, бојата на крвта е истовремено женствено привлечна и моќно отелотворувачка. Дури и најобичен модел на џемпер ќе го постигне истиот ефект. Оваа комбинација е компатибилна со многу други бои, бидејќи ако пробате со златна, сива или крем… ќе се осудите да експериментирате и понатаму!
- со црно-бела: секогаш модерна комбинација, каде темноцрвената е крајно комплементарен избор за класичен и елегантен изглед.
- со геометриски принт: издвојте се од другите со оваа богата боја комбинирана со возбудлив спектар без премногу модни додатоци.
- со животински мотиви: класична црно-бела или црно-беж варијанта излегаат одлично со бојата на виното; но, исто така се погодни за комбинација со темноцрвени фармерки.
- со кожни материјали: крајно мистеризно и моќно, може да се комбинира со крзно (елек, шал, топлинки).
- со сите други останати модни зачини: чанта, чевли, накит, ракавици, шапки, марами… што ќе Ви падне на памет, а ќе асоцира на моќ. Па дури и кармин или лак за нокти. Веруваме дека дел од овој тренд веќе е присутен во Вашиот стил, но сепак – веќе мириса на шопинг…