Динамичното животно темпо наметнува потреба од работно катче и во домот, каде ќе може да се извршат дополнителните работни обврски или складираат документите и неопходните реквизити. Во малите станбени објекти е невозможно да се издвои поголема и посебна површина за канцеларија, но секако може од минимумот слободен простор да се создаде стилизирана работна површина со целосно функционална намена. Напуштените агли, краевите на ходникот, или слободните простори на ѕидовите во дневната, спалната па дури и кујната – сегде се крие мал  простор кој може да се претвори во мини канцеларија со голем стил. Доколку сепак имате проблем да го пронајдете, тогаш и масивните ормани можат да имаат своја ефикасна пренамена. Клучот е во едноставноста, организираноста и убавото уредување. Ви претставуваме неколку алтернативни решенија за мини канцеларии во домот, кои пред се’ привлечно изгледаат, а овозможуваат максимално рационално искористување на просторот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПриватна библио-бања | Michael Cunningham
Следна објаваПластична хирургија со исечоци од списанија
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ