Монохроматски шмек со фаворизирање на формите каде намалувањето на колоритот на минатите колекции е евидентен во новата есен/зима колекција на Ирина Тошева, наменета за престојната 2012/2013 сезона, која зеде учество и на годинешната Модна недела. Со наслов Piuma каде преводот е затекнат од „пердув“ (прев. од италијански), Тошева се раководи од леснотијата која е прилично нетипична за зимската облека. Црно-белите принтови кои се збогатени со егзотични детали од пердуви, го достигнуваат својот фотографски врв преку нејзината последна фотосесија каде тимот се состоеше од:

Дизајн на сетот: Викторија Ланговска
Фотограф: Андреј Аговски;
Шминка: Виктор Мирчевски,
Фризура: Дарко Петковски ( Studio Allure ),
Чевли: SAGA SHOES.
Модели: Зорана Милевска и Ана Ежова.

Носливата леснотија на зимата тукушто пристигна!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајслатките бебешки костими
Следна објаваКој си ти навистина?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР