H&M x Rokh

Не е тајна дека H&M одвреме навреме не воодушевува од соработките со луксузните брендови. Долга е листата на соработки со луксузни брендови. Така, во минатото H&M соработуваше со Versace, Giambattista Valli, Mugler, Moschino.

H&M x Rokh
Последната соработка на H&M, онаа со Mugler, не воодушеви. Апсолутно сите беа луди по парчињата од оваа колекција. Добрата вест е што на полиците на H&M наскоро ќе пристигнат парчињата од новата соработка со познатиот корејски бренд Rokh.

H&M x Rokh
Најавената соработка изгледа идеална за пролетта која доаѓа. Во колекцијата ќе можете да најдете интересни мантили, фустани, здолништа, јакни, чанти…

НЕМА КОМЕНТАРИ