И на модната писта и на црвениот тепих: Малиот црн фустан го доживува својот голем моден момент
„Најкорисен е малиот црн фустан. Се прилагодува на секоја пригода“, вели креативниот директор на модната куќа Вивиен Вествуд, Андреас Кронталер.
„Малиот црн фустан е апсолутно шик“, смета актуелниот креативен директор на Живанши, Метју М. Вилијамс, кој го создаде својот омаж на фустанот на Хепберн во „Појадок кај Тифани“ во неговата колекција есен 2023 година. Со макси фустан со едно рамо кој делува за вечерми прилики, а всушност е кроен од лесна nylon-taffetа ткаенина која на облеката и дава одредена практичност.
„Би било невозможно да се надмине изгледот што Хуберт де Живанши го дизајнираше за тој филм“, признава Вилијамс. „Таа сцена секогаш ќе биде икона, и непотребно е да се каже, времињата драстично се променија во последните 60 години, и јас сакав да го земам тој жар и да го реинтерпретирам користејќи го денешниот вокабулар“.
„Интересно за црниот фустан е тоа што можете да го направите супер субверзивен“, вели Јанг, кој укажува на брилијантната колекција на мали црни фустани креирани од Марк Џејкобс за есен 2023 година со откриени корпи на градниците и микро балон рабови.
На црвениот тепих
„Сите беа премногу кратки и во schoolgirl стил, но со малку изменети пропорции можете да добиете многу класични коктел фустани“.
Црната боја ја има таа способност да направи сè актуелно и модерно.