Капри панталоните се новиот моден тренд
Одамна знаеме дека речиси сите трендови во модата се повторуваат, но за овој тренд навистина не можевме да претпоставиме како ќе се врати во мода.
Нема да верувате, но капри панталоните се повторно во мода. Капри панталоните се верзија на кратки панталони, односно панталони со должина од три четвртини кои достигнуваат под коленото, односно до половина од должината на ногата.
Овие денови Капри панталоните ги носат сите популарни девојки како Хејли Бибер или Бела Хадид.
Капри панталоните можат да бидат големи или тесни како хеланки. Популарни се и панталоните Капри во карго стил.