Еден од најважните денови во животот на секоја жена е венчавката.
Изборот на венчаница секогаш буди различни емоции, затоа колекцијата венчаници „Шик Бајка“ е создадена за сите смели идни невести кои сакаат да изгледаат поинаку и да бидат запаметени. Нагласена силуета на сирена крој што ја следи линијата на телото, тантела, мониста, цвеќиња, циркони и полускапоцени камења се само дел од деталите на оваа колекција. Секоја венчаница од работилницата LARIE е рачно изработена, со рачно везени мониста и полускапоцени камења, а за една се потребни дури 336 часа посветена работа.
Покрај сирена кројот, тука е и А кројот каде што тулот го истакнува целиот раскош. За некои фустани се користеа 30-50 метри тул и тантела. Шлицот дава заводлив ефект за похрабрите невести, додека пердувите веќе неколку сезони се детаљ за шик венчаници. Нагласените раменици секогаш ја нагласуваат женственоста и префинетоста. Венчаниците со корсети, кои се особено женствени, се изборот за истакнување на женствените форми.