Впечатливите хукахопки во боја или со дезен се вратија во тренд оваа есен, а еве како ги носат омилените модерни девојки на Инстаграм.

 Во последните неколку години слободно можеме да кажеме дека TikTok ги диктира трендовите на модата и убавината.
Традиционално, модата се движи во 20-годишен циклус на трендови, но благодарение на брзото темпо на апликацијата (но и на намалениот опсег на внимание на нејзините корисници), веќе се враќаме на изгледот што го носевме пред само 10 години.

Тоа значи дека трендовите од средината на 2000-тите години како шишки на страна и балетанки, полека се враќаат како мејнстрим, а најновиот додаток на таа листа се смелите шарени хулахопки.

Од колекцијата на Versace за пролет 2022 година, неонските виолетови и зелените нијанси ги зазедоа модните писти. Сè уште е актуелна естетиката на Barbiecore, па така жешките розови хулахопки ја завршија на ревијата на Valentino заесен/зима.

Хулахопките со туфни и живи бои имаа свој момент во колекцијата пролет 2023 на Raf Simons. Тие се прошетаа на модната писта на модната недела во Париз на ревијата на Victoriа Beckham, додека Marc Jacobs ги претстави цветните и карираните дезени.

Надвор од модните писти, враќањето на хулахопките во боја го доживуваме првенствено со враќањето на балетанките, кои станаа омилени обувки на генерацијата Z. Уметницата Brigitte Crisp го измисли терминот “ballerina sleaze”, кој ја комбинира balletcore и “indie sleaze”“ естетиката, за да се опише “edgy” женствениот тренд од минатото, на кој му расте популарноста.

НЕМА КОМЕНТАРИ