Met Gala 2022: Се очекува најраскошниот бал досега!
Секој прв понеделник во мај е резервиран за најгламурозниот настан на познатите кои ја слават модата. Со тема „In America: An Anthology of Fashion”, овогодинешниот бал ќе се одржи на 2 мај 2022 година во Metropolitan Museum of Art.
(Met Gala балот е годишен настан за собирање средства за Институтот за костими на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк)
Бидејќи престижниот настан беше откажан во 2020 година поради пандемијата со  ковид, а минатогодишниот се одржа во септември со ограничен состав, оваа година очекуваме вистинска гала вечер. Заедно со водителите Блејк Лавли, Рајан Рејнолдс, Реџина Кинг и Лин-Мануел Миранда, очекувањата  се уште поголеми.
Суштината на Met Gala е кодексот на облекување, кој секогаш се истакнува на поканите, а оваа година гостите добија тема: гламурот на златното доба и „бела вратоврска“, која вклучува луксузни комбинации, ракавици од тантела, свечени фризури и смокинг за мажите. Славните стилисти ќе мора да бараат инспирација во филмовите на златниот Холивуд, бидејќи овде зборуваме за модата од крајот на 19 век!
Дали ќе видиме многу тантела, машни, свила и кадифе, корсети и волуминозни здолништа останува да видиме на 2 мај, кога дизајнерите ќе дадат се од себе за да го оживеат гламурот на најблескавата холивудска ера.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваВи откриваме: Како да стилизирате пончо?
Следна објаваАвтопортрет – Владимир Георгиевски
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ