Од 13ти овој месец Битола или како милуваат да ја нарекуваат битолчани ‘Градот на Конзулите’, ‘дише’ во знакот на уметноста, модата и културата. Вљубениците на културните и естетските вредности и обожувачите на модата ќе можат да уживаат во новото магично место ‘Solak Gallery & Concept Store’, галерија и коцептуална продавница. Основачи се сопружниците Љубица Мешкова-Солак и Димитар Солак.

Во денешно време може слободно да се констатира дека е тешко да се следат своите сништа и да се реализираат истите, со оглед на тоа дека севкупниот систем ни одредува однапред утврден лајфстајл кој е креиран и општоприфатен од широките маси. Во целиот тој хаос на очекувања и можности, вистинска храброст е да се следи својата интуиција и да се реализира замисленото. Љубица Солак е токму ваков пример на храбра жена која со својот креативен хабитус и вроден ентузијазам успева да ја доближи уметноста и модата до поединецот.

Дивианартс: Љубица, најпрво да Ви го честатам отворањето на изложбениот салон и да Ви посакам долги години успешна работа. Познати сте на јавноста како мултимедијална уметница, јас би ве запрашала конкретно за модата, кога започнавте да се занимавте со цртање на ткаенини?

  •  Ви Благодарам многу. На ова прашање, често пати сум изјавувала дека модниот дизајн ,костимографијата и воопшто применетата уметност од најрана возраст ме привлекувале, а првите експерименти сум ги испробала во костимографијата,
    потоа моето образование го продолжив во средно уметничко и на ФЛУ / графика. Долго време се имав посветено на графиката,ете и сега паралелно со ова сликање на текстил почуствував потреба повторно да почнам да размислувам ,,графички,, и доколку произлезе нешто добро од тие скици, следно би изложба на графика, бидејќи мене многу често ми се случува да посакам и да пробам со други медиуми, дисциплини ,материјали….Цртам на текстил веќе неколку години,сигурно 7-8 години веќе континуирано ,но да појаснам дека не дизајнирам облека затоа што спонтано тргнав од идеата да рециклирам старо/ омилено парче ,тоа ми беше првичната замисла, излезе добро и така бидна ова ,,приказна,,.

Дивианартс: Создавате уникатни модни парчиња кадешто е силна и евидентна ликовната уметност, а каде мже да се согледа слободата на дизанерската игра. Кажете ни каде ја наоѓате вашата инспирација за креирање?

  • Како што кажав почнав онака случајно да сликам , лично за мене, сестрами, другарките и по неколку насликани парчиња произлезе и соработка со Кк дизајн концепт стор од Битола и мојата пријателка Кристина и веќе неколку години имаме успешна и плодна соработка ,од пред една година направив соработка и со концепт стор Долап од Скопје ,сега и тие се дел од мојата галерија ,значи соработката се продлабочува ,се шири, а тоа ми дава дополнителен поттик. Околу слободата во изразувањето да бидам искрена не секогаш имам целосна слобода да сликам тоа што јас имам замислено, бидејќи нормално е кога работите на нарачки а работам доста, се водам и по идеата и желбите на клиентките. Одамна посакувам и замислувам да создадам изложба,ревија, концепт каде ке бидам целосно слободна ,а тоа значи идеа,материјал, простор и сѐ што може да посака еден автор.

Дивианартс: Вие се заложувате за одржлив модел на создавање на гардероба. Дали кај младата популација има промена во размислувањето во однос да се купува гардероба од домашни модни креатори и дизанери?

  • Ме радува фактот што во последно време многу млади почнуват да барат ,,уникатнти парчиња,, без разлика дали е во некоја винтиџ продавница, секнд хад или концепт стор…еве конкретно овие неколку дена колку скоро работиме со галеријата, најголем број од посетителите се млади луге , јас и со моите ученици средношколци многу често разговарам за рециклирање на модни прачиња, разработуваме идеи и гледам дека тоа почна да вродува со плод, е сега што повеќе ќе се актуализира ова тема и ке се разработат вакви концепти ке вроди плод , и сум повеќе од сигурна во тоа…..затоа што ваквото размислување треба да произлезе и од училиштето ,домот и да размислиме дека доколку ги подржиме нашите дизајнери, уметници тоа ке донесе и други бенефити, јас сум поборник на тоа да се подржат нашите дизајнери и веќе одамна купувам парчиња од македонските модни креатори… на младите им треба подршка ….Кога планирав и замислував како ке биде организирана нашата галерија/ концепт ни беше важно да соработуваме со наши млади локални и автори од регионот, тоа се дизајнери или ликовни уметници кои се квалитетни,тоа се мои пријатели, и на овој начин заеднички ке се презентираме, промовираме и ке имаме взаемна соработка.

Дивианартс: Гледајќи наназад низ историските модни епохи и како еволуирала модата, дали постои одреден стил кој посебно Ве фасцинира?

  • Нормално е со текот на времето како повеќе осознавате да ви се менува и вкусот, размислувањето, идеата….јас отсекогаш се интересирам доста околу историјата на костимот,ги обожувам костимираните историски филмови…кога и да патувам негде прво ги посетувам музеите за костими и мода, одвојувв средства уште како тинејџерка за тие модни списанија, книги,видеа… тогаш ,кога немаше услови и интернет од каде да се информираш и до ден денес ги чувам во мојата мојата библиотека.Костимографијата е нешто што со задоволство би го работела ,кога би имала прилика , а околу историските периотите не би издвоила ништо поконкретно ,затоа што секоја епоха има одредени карактеристики кои се издвојуваат , но можам да кажам дека кога им предавам на моите ученици секогаш хронолошки ги следиме периодите но ги нагласувам/издвојувам пионерите во модата како Мадам Грис, Коко Шанел ,итн…

Ви благодарам за отстапеното време и ви посакувам голем успех во вашата креативна работа.

 

‘Solak Gallery & Concept Store’, галерија и коцептуална продавница.

Сопружниците Љубица и Димитар Солаковски.

НЕМА КОМЕНТАРИ