Grammy е настан на кој не важат модните правила. Црвениот тепих на најголемата музичка вечер е познат по ризичните фустани, драматичните комбинации и обиди за виралност. Сепак, на овогодинешното доделување на наградите, гостите изгледа решија да им пркосат на очекувањата. Ѕвездите кои се појавија во легендарното казино MGM Grand во Лас Вегас, пoкажаа еден тип, таканаречениот урбан гламур. Во овој стил предводеше Lady Gaga, со софистицирана црно-бела тоалета Armani Privé и дијаманти Tiffany & Co, давајќи ни момент на diva.

Ништо помалку не блескаше и машкиот дел, пред се благодарение на мултиталентиранiot музичаr Lenny Kravitz, кој на црвениот тепих донесе сјај на рок ѕвезда во сребрен топ, кожни панталони и чизми.

Vegas glitz & glam темата, беше придружена од многу други познати личности како St.Vicent, Donatella Versace, H.E.R… носејќи смели и екстравагантни креации на црвениот тепих на 64-от музички настан, што можете да го погледнете во нашата галерија. 

Donatella Versace

St.Vicent

Lily Aldridge

Dua Lipa

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФантастичен рецепт за здрави палачинки без брашно и шеќер
Следна објаваЛегендарната актерка Шерон Стоун во модна кампања на Dolce & Gabbana
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ