Модели кои одговараат на сите жени!

Создавајќи пролетна колекција и барајќи ги оние парчиња кои ќе ни дадат флексибилност и практичност, невозможно е да не ги спомeнеме фустаните.

Можеби доминацијата на мини моделите започна, но миди фустанот секогаш ќе биде еден од основните елементи на нашата гардероба. На пролетта и се потребни бои, „разиграни“ дезени и секако модели и нијанси кои ќе ни го подобрат расположението.

Миди фустаните одговараат на сите типови на тело и ласкаат на секоја силуета. Тие можат да се носат во разни пригоди и дефинитивно ќе делуваат како клучен елемент кога се креира модерен стил.

За работа во канцеларија можете да ги комбинирате со блејзер и тренч мантил, додека за вечерен изглед имате можност да изберете слип миди фустан кој ќе го носите со маица или кошула и сандали на високи потпетици. Без разлика на вашиот стил и карактер, сигурно ќе го најдете оној кој ви одговара.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова сезона, нови трендови – TOTE BAGS: чанти кои се апслолутен тренд на пролетната сезона
Следна објаваОдличен едиторијал: Во хармонија со природата
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ