Галактичкиот научно-фантастичен сет кој Ким Џонс го направи за своето шоу во La Bourse изгледаше речиси нереално.

Неговите модни ревии за Fendi секогаш изгледаат магично: тие се направени за возбуда, задоволство и екстраваганција. Седејќи под црниот глобус и закачени  фрагменти од римски сводови – чад и сјај во воздухот – гледајќи еден вечерен фустан по друг како се лизга над неговиот вселенски брод, можеби за момент ќе помислите дека сте во филм на Марвел или гледате филм во кино.

Ова е трета модна ревија на Ким Џонс како креативен директор на женската Fendi линија и прва физичка ревија која ја претстави. Како и досега, така и оваа сезона дизајнерот е сè уште фасциниран од Рим, неговата големина и убавина. Во потрага по инспирација, дизајнерот се сврте кон остатоците од античките градби расфрлани низ Вечниот град и дизајнираше серија фустани за кои вели дека се пример за изработка и техника кои не може да ги прикаже во конфекциската линијата  готови.

„Има толку многу слоеви. Тоа е волшебен антички град. Секогаш размислуваме за минатото, сегашноста и иднината. Колекцијата ја содржи идејата за различни времиња и самата духовна страна на Рим, станува речиси небесена, речиси космичка“, рече Ким Џонс.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSELFIE MUSEUM – НОВО МЕСТО ЗА ЗАБАВА И ЗА УНИКАТНИ ФОТОГРАФИИ
Следна објаваИнспирација: најубав маникир со срциња за претстојниот Ден на вљубените
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ