Најпопуларните chunky чизми на Bottega имаат нова Flash верзија

Најпопуларните chunky чизми на Bottega имаат нова Flash верзија

Апсолутен хит втора сезона по ред се чизмите на Bottega Veneta.

Овие гломазни чизми го освоија модниот свет. Додека повеќето мислеа дека се само минлив тренд, ни се чини дека тие се тука за да останат.

Прво, направија голем бум на модната сцена со најобичните црни /chunky/гломазни  чизми. Со сигурност би можеле да кажеме дека не постои трендсетерка која го нема овој пар чизми во својот гардеробер.

Оваа сезона попопуларен е моделот на чизми Tyre. Станува збор за chunky чизми со уште покрупен ѓон кој е обоен во различни бои. Може да најдете чизми со ѓон кој е обоен во зелена боја, виолетова, кафена, црвена …

Но сега, Bottega за оваа сезона го претстави и најновиот модел на чизми, за кои би можеле да кажеме дека се надградена верзија на чизмите Tire. Станува збор за чизми кои имаат обоен ѓон, но разликата е во тоа што имаат и подигната пета.

Моделот на чизми Flash може да се најде во разни бои, а ние гарантираме дека ова се следните најтренди чизми, па нема да погрешите ако ги купите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПогледнете ја најскапата рамка на свет вредна 2 милиони долари
Следна објаваMizzа леопард принт во новата колекција на Dior – есен/зима 2021/2022 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ