Интензивни бои, специјални дезени со допир на космосот …

Модните куќи ги презентираат своите Круз колекции, а сега сите погледи се вперени кон втората Круз колекција на Луи Витон и Николас Гескиер. Пред една година, во текот на првите месеци од пандемијата, тој снимаше во студио, но оваа година, поточно денес, одлучи да претстави кратко видео во Ax Majeur, парк на скулптури надвор од Париз, дизајниран од починатиот израелски еколог и уметник , Дани Караван.

Локалните жители го опишуваат Ax Majeur како место што прави да се чувствуваме како да сме надвор од времето. Вистина е дека оние што го познаваат Николас Гескиер многу добро, потврдуваат дека овој опис уникатно одговара на неговите интереси, личност и љубов кон комбинацијата на научна фантастика, космос и мода. Целата сцена во голема мера е испреплетена со колекцијата која е донекаде инспирирана од вселенскиот туризам.

„Таа е многу оптимистичка, среќна колекција“, рече дизајнерот.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛондон “street style” – погледнете како се облечени посетителките на модната недела во Лондон!
Следна објаваПогледнете како изгледа најскапиот пентхаус во Њујорк
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ