Есента е практично пред нашите врати и по малку сме возбудени заради потоплите комбинации на облека. Блејзери, како и вечната класика, се основа на секоја облека за меѓу-сезоната. Тие се придружени со макси волуменозни фустани, тренч ретро мантили и мека трикотажа.

Она што ниту една модна девојка нема да пропушти да го вклучи во својот стајлинг оваа есен се XXL плетените елеци, со кои веќе сме опседнати. Во комбинација со бела кошула и мини здолниште со фалти, ќе добиете непогрешливо стилско издание. И не заборавајте на кожните есенски парчиња, како што се панталони или миди фустан кој ја следи линијата на телото.

Кога станува збор за боите, ќе преовладуваат сите нијанси на портокалова и кафеана, а нашата препорака е да ги комбинирате со црвена и црна боја. Ако сакате да си играте со текстури и бои, пробајте мешавина од злато + кафеанаа + розова.

Сепак, се уште сме во преоден рок, што ни овозможува да комбинираме блејзери со сандали, како и есенски чизми со шорцеви. Одлучете се за удобен ролка-џемпер  наместо капут или блејзер, лежерно вметнете го во здолништето или фармерките, па извлечете еден крај и на тој начин ќе постигнете дополнителна динамика. 

Инспирирајте се во нашата галерија со 15 стилски изгледи кои покажуваат како се прави тоа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОткријте која боја на сенки одговара на бојата на вашите очи
Следна објаваНајубавите бели фустани создадени за ова лето
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ