Chanel ги оживува снежните планини во кампањата за сезоната есен / зима 2021 година.
Одејќи по снежните врвови со фотографското дуо Inez & Vinoodh и моделите: Rianne van Rompaey, Louise de Chevigny, Mica Arganaraz и Vivienne Rohner, кампањата ги прикажува најновите парчиња од луксузниот француски бренд.
Позирајќи во планинарски дом, моделите се одмараат на крзнени ќебиња облечени во креациите на креативната директорка Virginie Viard за студената сезона.
 Кампањата прикажа топла трикотажа, украсени фармерки и јакни од вештачко крзно. Претставувајќи колекција која има après-ski естетика, Chanel ги нуди своите класични стилови со модерен пресврт, а чантите привлекуваат посебно внимание благодарение на Chanel потписот – со детали во форма на ланци и преклопи со логото на брендот.
Жените Chanel, исто така, носат елегантни и феноменални обувки, вклучувајќи чизми, рамни чевли и модели со високи потпетици кои се украсени со камелии.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави модели за 2021 година – црни сандали со метални детали!
Следна објаваЗа да се справат со сушата и високите температури – Дубаи создава сопствен дожд!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ