Шарени новини во колекцијата Gucci лето 2021 година …

Брендот Гучи реши да му оддаде почит на модниот дизајнер Кен Скот со специјална капсула колекција, во која се наоѓаат неговите познати цветни материјали.

Како долгогодишен обожавател на работата на Скот, Алесандро Микеле ја користеше неговата жива графика на класични Гучи пачиња, односно на облека, модни додатоци и обувки.

Чантата Jackie е креирана од црна кожа, која е украсена со портокалови, жолти и лаванда ливчиња, додека торбата Marmont доби сличен, шарен дизајн, но на бела подлога.

Макси фустаните се во стилот на седумдесеттите години, а костумите исто така го добија овој третман, совршено комбинирајќи се со ботаничката верзија на класичните Princetown папучи.

Кога станува збор за модни додатоци, можеме да видиме шапки и и шалови во колекцијата, како совршени детали.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПортокаловата е хит на летото!
Следна објаваПатувања: Ги откриваме најубавите плажи на светот по избор на Инстаграм!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ