Конечно, по една година, го достигнавме моментот кога можеме да ги испланираме своите годишни одмори и да избегаме на некои далечни дестинации и никако не сме уморни од повторувањето на овој факт, одново и одново.

Ние сакаме да ги посетиме далечните делови на нашата планета, да уживаме во затскриени плажи, практично на напуштени острови и природа која е скоро недопрена од човечки раце.

Ние го сакаме нашето парче рај на земјата, барем десет дена, со цел успешно да ги наполниме батериите и да се посветиме на нови предизвици, кои животот секако ги подготвува за нас.

Бидете искрени, дали некогаш сте отишле на прекрасна плажа без да направите неколку фотографии? И додека водата и брановите се скоро исти насекаде, некои брегови се издвојуваат повеќе од другите и на тој начин го привлекуваат вниманието на будните фотографи, кои едвај чекаат да овековечат некој посебен момент и да го споделат на својот Инстаграм профил.

Оваа платформа на социјални мрежи речиси ги избра најдобрите плажи во светот, врз основа на посебен критериум: бројот на направени фотографии и ознаки на корисниците, по метар од нивната физичка должина. Откако собраа околу 26 милиони хаштагови, резултатите беа извршени, а на списокот беа вклучени некои веќе познати, но и генерално дискретни имиња.

Предлагаме да седнете удобно и да се подготвите за мечтаење, а потоа да ја разгледате целата наша галерија за да ги откриете:

Blue Point Beach, Ungasan, Бали – должина 105 метри, 287 фотографии на метар

Boulders Beach, Kejptaun –Јужна Африка – должина 420 метри, 323 фотографии на метар

Praia do Camilo, Lagos, Португалија – должина од 100 метри, 325 фотографии на метар

Tenby North Beach, Пемброкешир, Велс – должина од 770 метри, 343 фотографии на метар

Hanauma Bay Хаваи, САД – должина 570 метри, 345 фотографии на метар

Navagio Beach, Закинтос, Грција – должина 128 метри, 403 фотографии на метар

Tropea Beach,Италија – должина 115 метри, 423 фотографии на метар

Bondi Beach, Сиднеј, Австралија – 1.000 метри, 1.776 фотографии на метар

Kelingking Beach,Бали, Индонезија – должина 80 метри, 4.227 фотографии на метар

Cala Saona, Formentera, Шпанија – должина 140 метри, 282 фотографии на метар

НЕМА КОМЕНТАРИ