Плисирани, сатенски, асиметрични со ленти, во молив крој, тексас, боемски или цветни, без оглед на стилот на миди здолништето, сите се во тренд на оваа сезона…

На крајот на краиштата, здолништата со миди должина се омилено парче облека на многу жени кои дефинитивно не изостануваат во ниту еден женски гардеробер.

Како инфлуенсерките ги носат миди здолништата?

Погледнете ги нашите предлози кои ќе ве инспирираат како да ги носите миди здолништата на модерен начин.

Миди здолниште и графичка маичка

Кога шетате низ градот, облечете миди здолниште со патики и графичка маичка, за дополнителен комфор и стил.

Кратка јакна со топ во форма на градник и миди здолниште со рамни сандали

Миди здолниште со висок струк може удобно да се носи со топ или градник, особено кога сте на одмор. Комбинирајте го здолништето и градникот со кратка јакна за дополнителни стилски поени.

Топ со миди здолниште, ланец и сандали

Сандалите со тенки ремени се најголемиот хит во летната сезона. Комбинирајте ги со сатенско миди здолниште и топ. Додадете ремен во форма на ланец, кој е најголем хит на летната сезона.

Блок бои и папучи

Лилаво-зелената комбинација е една од најтоплите во сезоната. Завршете го стајлингот додавајќи модерни папучи и ќе имате неверојатно свежа комбинација облека.

Шарпа како топ и миди здолниште
Шарпата може да се носи на многу начини, а ние ви предлагаме да ја стилизирате ова лето и да ја носите како топ. Доколку сте доволно храбри, тоа е најдобриот начин да ги искористите шарпите оваа сезона и да ги комбинирате со вашите миди здолништа.
 

Одберете модерен дизајн

Најмодерните дизајни на здолништа оваа сезона се миди парео здолништата и здолништа со набори. Носете ги со рамни папучи и модерни маици или топови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобри лесни парфеми – оаза на задоволство и свежина!
Следна објава5 парчиња кои ви се потребни за есенската гаредероба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ