Постојат летни трендови кои се враќаат секоја година, како што се цветните фустани или плетените чанти …

Но, секоја сезона се издвојува со нови модни трендови кои додаваат нешто различно во нашата гардероба.

Кои се летните трендови што ќе ги носиме во наредните месеци и каква облека и модни додатоци вреди да се додадат во нашата гардероба?

Носете шарпа како топ

Ако во плакарот имате свилена шарпа со принтови или парео за на плажа, пробајте да ја носите како топ за да го надградите вашиот секојдневен изглед. Комбинирајте го со бели фармерки или шорцеви.

Цветен фустан

Цветниот фустан што сте го купиле во текот на пролетта, ќе го носите и на лето, едноставно ќе изберете рамни сандали или влечки „Биркенстокс“ наместо чизми.

Топ во силна боја

Многу пати е доволен само модерен топ за да се надополни дури и наједноставниот изглед. Изберете топ во розова, лила или сина боја.

Шарпи со јаки принтови

Интензивните дезени кои ги красат свилените марами сега се наоѓаат секаде на парчињата од нашата гардероба, како што се чантите, фустаните или проsирните шорцеви. Она што е сигурно, марамите со необични дезени им даваат навистина елегантен шмек на нашите стајлинзи.

Плетена торба

Во последниве лета, постојано гледавме плетени чанти во уличниот стил, а не само на плажа. Сега, сламената торба е вклучена дури и во канцеларискиот изглед, давајќи му малку порелаксирано расположение на канцеларискиот стил.

Прстени во бои

Mix & match се прави со пластични прстени во бои што дефинитивно сте го забележале на Инстаграм, бидејќи тоа е апсолутен летен тренд.

БОКСЕРКИ

Летни гаќички кои потсетуваат на пижами и тоа има смисла, бидејќи ниту една жена не сака да го напушти ова удобно чувство кое го засакавме за време на карантинот. Комбинирајте ги со соодветна кошула од машката гардероба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХеклани бикини: бохо костими за капење кои ќе ги носиме ова лето!
Следна објаваДАЈ ГОЛ ЗА НАГРАДА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ