Louis Vuitton колекција лето 2021 за мажи, потпишана од Вирџил Абло …

Со американскиот рапер 21 Savage во главната улога, оваа колекција ги содржи вообичаените кроеви со смели и еклектични бои и дезени.

Содржи сè, од одела во пастелна боја до кратки панталони во хавајски стил, новата палета е примамлива и забавна, совршено презентирајќи го наративот на Абло.

Познатиот Louis Vuitton монограм дезен доби освежување, овој пат во акварел дизајн во бои на виножито.

Претставувајќи ја креативната и жива летна сезона, колекцијата е наменета за долги ноќи и топли денови.

Дел од колекцијата е креиран и од еколошка гледна точка, затоа што брендот е посветен на eco-friendly стратегија за дизајн, во која ќе ги вклучи сите нивни производи до 2025 година.

Во новата колекција, палетата на бои беше создадена без хлор или метал, додека памукот што се користеше доби сертификати BCI  GOTS.

НЕМА КОМЕНТАРИ