Славниот актер, продуцент и производител на шампањско, се испроба во улогата на моден дизајнер, благодарение на новата соработка со брендот Бриони …

Холивудскиот миленик се здружи со италијанската модна куќа заедно да лансираат ексклузивна колекција, која се базира на неговиот префинет, машки стил.

Пит е заштитно лице на брендот Бриони од 2019 година и редовно носи ансамбли со нивните потписи на црвенот тепих. Сепак, овој пат, брендот во сопственост на конгломератот Керинг, за прв пат, се здружи со својот амбасадор за да создаде нова колекција.

Соодветно именувана како BP Signature, колекцијата од седум делови комбинира палета на пригушени тонови со игра на текстури, со ненагласен лежерен стил по кој е познат Оскаровецот.

Линијата се состои од парчиња во кои лесно можете да го замислите Бред, вклучувајќи одело со со две копчиња, кашмирско сако, лесен поло џемпер од кашмир и мантил.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБисерен сјај: идеи за најромантичен пролетен маникир!
Следна објаваГламурозно појавување на sвездите на наградите БАФТА 2021 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ