Иако е пролет, модниот свет веќе го сврте вниманието кон летните додатоци, а  чантите за плажа не може да се изостават …

Можеби не ви звучи логично, но Џејн Биркин ги носеше своите омилени плетени чанти преку цела година, дури и во зима, со волнени палта. Иако не би ве советувале да го следите нејзиниот пример, но не можеме да го игнорираме фактот дека по толку месеци карантин, модниот свет сонува за летни дестинации и веќе додава исклучителни летни елементи на своите стајлинзи.

Преголемите чанти за плажа веќе почнаа да се појавуваат на Инстаграм, профилите на познати инфлуенсерки се полни со нив, ги комбинираат со јакни, кошули, па дури и тренч мантили. Големи, модерни и пространи, тие се идеални за секојдневниот живот, бидејќи во нив може да го сместите и лаптопот.

Торбите за на плажа како да ни носат малку летен воздух и тоа нè радува. Погледнете какви модели ни подготвија модните куќи во галеријата со фотографии.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтаринска уметност во модерното издание – Grand Prix за Frivole Secrete Van Cleef & Arpels
Следна објаваОваа пролет носиме модерни кафтани низ градот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ