Секако, не е тајна: за да изградите добар стил, треба да започнете со добри основни парчиња, а тренч мантилот е несомнено едно од нив …

Конзервативен по своите карактеристики, но трансформиран по својот дух, ова парче облека останува незаменлив сојузник на гардеробата во преодната сезона. „Втора кожа“ што ја носиме во секое време, дури и кога одиме на шопинг во блиската продавница за храна.

Не зборуваме само за класичниот беж мантил – кој сепак останува на врвот на листата облека во која „инвестираме“ – туку и за многуте, комплетно нови модели кои го поставуваат трендот од модната писта до излогот.

Дури и во смисла на комбинации, ќе имаме на што да се препуштиме: идеи не ни недостасуваат, а ние сме тука да ви предложиме неколку добитни комбинации кои ќе му дадат кул пресврт на пролетниот изглед во неколку потези.

Тренч мантил со фустан

Невозможно е да се зборува за фустан и мантил, а без да се размислува за одличната Одри Хепберн. Иконата на безвременски стил нè научи колку вистинската елеганција престојува во едноставноста и оваа комбинација е доказ за тоа. За да го направите изгледот помодерен, облечете раскопчан мантил и затегнете го на половината само со ремен.

 

Тренч мантил со фармерки

Доколку барате идеја за секојдневен изглед кој ќе комбинира практичност и гламур,  облечете мантил со фармерки и пар мокасини. Тоа ќе биде супер шик основа за експериментирање со стилот. Можете да додадете дуксер, блуза со машна, кошула или џемпер. Ослободете ја фантазијата!

 

Тренч мантил со тексас здолниште

Миди здолништата се оние кои најдобро можат да се носат со мантил, заедно со мини. Но, внимавајте на „горниот дел“ и чевлите: комплетирајте го класичниот стил со модерни патики и трендовски џемпер.

Тренч мантил со патики

Еве уште една модерна идеја со мантил која многу лесно се копира. Предметите кои ги одбравме се тие кои мора да ги имате за лето: пар бели панталони со излитени пораби кошула со цветен дезен и легендарни патики кои секој трендсетер треба да ги има во својата гардероба.

Тренч мантил со широки миди пантолони (килоти)

 

Помалку захтевни од палацо панталоните, но подеднакво модерни, килотите се нешто што мора да се има веќе некое време. Одлично се комбинираат со тренч мантил, но секогаш е подобро да се додадат високи потпетици за да се нагласи силуетата. Можете исто така да користите многу популарен „трик“ меѓу славните: носете го мантилот  отворен и префрлен над рамото. Нема да останете незабележани.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗадолжителни модели на ремени за оваа пролет и лето!
Следна објаваСите нијанси на зелена боја за првите денови на пролетта!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ