Постојат неколку нови модни трендови кои треба да ги пробате оваа пролет …

Ако не сте сигурни која е идеална за вас, не грижете се, sвездите се здружија за да ви го олеснат изборот. Без разлика дали сте роден лидер, најдобар дипломат или само барате удобност, постои тренд за вас.

Во галеријата со фотографии, видете кој тренд е идеален за вас оваа пролет според хороскопскиот знак!

ОВЕН: СПОРТСКА ОБЛЕКА ВО СТИЛОТ ОД 1990-тите

Жените родени во знакот Овен се самоуверени, одлучни и мотивирани лидери кои не се срамат од конкуренцијата и натпреварување со другите. Со одлични организациски вештини, тие се гордеат со својата брзина на забележување, како и на можноста да ја завршат секоја задача со младешка сила и енергија. Тие не се комплицирани, директни се и поради тоа класичниот спортски тренд во стилот на деведесеттите е идеален за нив оваа пролет.

БИК: КОМБИНЕЗОНИ

Жената Бик; сакате постојано да ви е пријатно. Не се мачите да го комбинирате целиот моден изглед, само скокнете во комбинезон кој е доволно модерен за да излезете во него и доволно удобен за да го поминете целиот ден во кревет.

БЛИЗНАЦИ: ЈИН-ЈАНГ

Конверзацијата е вашето средно име. Може да разговарате ( да флертувате или да се расправате)и со sидот, но понекогаш не можете да донесете одлука дури и ако животот ви зависи од тоа. Па, зошто да ги немате и обете? Истражете го вашиот „близнак“ со помош на јин-јанг трендот, каде црно-белото се надополнуваат едно со друго.

РАК: БИСЕРЕН НАКИТ

За Раковите, бисерниот накит е совршен за вашата чувствителна и интуитивна природа. Слично како и бисерот, имате слоевита личност со различно расположение и емоции.

ЛАВ: УЛТРА МОДЕРНИ ЗДОЛНИШТА

Имате одлична, волшебна личност. Оваа пролет купете здолништа кои имаат луксузни детали и се оригинални. Без разлика дали се мини или макси, couture здолништата ќе засенат сè, исто како и вие.

ДЕВИЦА: ЗДОЛНИШТЕ СО ФАЛТИ

Девиците се логични и систематски скоро во сè што работат, но тоа во никој случај не значи дека се досадни. Најдобар избор за нив оваа пролет се фалтите – можат да бидат интересни, но можат да бидат практични и софистицирани.

ВАГА: ПЕТАР ПАН КРАГНИ

Вагите се вистински естети со одличен вкус. Со многу детали и младешки дух, јаките на Питер Пан се само дел од имагинацијата и разиграноста што ви требаат во вашата гардероба оваа пролет.

ШКОРПИЈА: КАФЕНИ ТОНОВИ

Со вашата комплицирана харизма и способност да читате луѓе, честопати стекнувате лоша репутација. Наместо да го криете, вашиот талент изразете го со помош на кафениот тренд кој е присутен на сите модни писти и на Инстаграм. Овој тренд е силен, исто како вас.

СТРЕЛЕЦ: ПОДГОТВЕНА ЗА ОДМОР

Вие сте истражувачки знак. Излезете од вашата удобна зона без да одите никаде со помош на најновиот тренд, ескејпизам, кој е совршен за авантуристичкиот Стрелец.

ЈАРЕЦ: ШИРОКИ ПАНТОЛОНИ

Одговорни, послушни и пред се ја цените почитта, а не вниманието. На патот кон успехот, носете широки панталони кои се “поформални” од тесните фармерки.

ВОДОЛИЈА: ПСИХОДЕЛИЛНИ ПРИНТОВИ

Вие сте познати по вашиот неконформистички став, кој ги вклучува вашите ексцентрични, необични и неконвенционални модни избори. Носете нешто со психоделичен отпечаток и зборувајте за најновите теории на заговор и бунт против авторитети, затоа што тоа сте вие.

РИБИ: ТРИКОТАЖА

Плетената облека може да биде невообична и модерна, која ви овозможува да стапите во контакт со вашата креативна и нежна страна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМиди фустаните имаат идеална должина за пролет!
Следна објаваШик комбинации со жолта боја!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ