Кампањата е фотографирана од познатото дуо – Мерт Алас и Маркус Пиго …

Ланвeн штотуку ја претстави својата најнова кампања за сезоната пролет / лето 2021 година. Наречена Yu Garden, кампањата ja доби Парис Хилтон за свој протагонист.

„Кога започнавме да разговараме за кампањата, знаев дека сакам да ја претставам Парис Хилтон на начин на кој никогаш порано не беше виденa. Таа е позната по својата долга руса коса и сјајниот стил, a сакавме да ја истакнеме нејзината способност на трансформирање, како лебед “, рече Бруно Сиалели во изјава за медиумите.

 

Инспирирана од портретите на влијателни Њујорчанки од 50-тите години на минатиот век, Парис ги претстави архивските силуети на брендот, како познатиот тренч мантил, пастелно-розовиот фустан и бордо кожната јакна.

Нејзините комбинации на облека се финиширани со “statement” очила и одважни парчиња накит.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако Инстаграм-инфлуенсерките ги освежуваат ентериерите оваа пролет!
Следна објаваМиди фустаните имаат идеална должина за пролет!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ